Покрај поразот од Германија со 0:4, Фудбалската федерација на Македонија најверојатно ќе добие и парична казна, бидејќи еден навивач му светеше на Џошуа Кимих во очи при изведувањето на корнер.

Поради ова судијата Дани Макиели накратко го прекина изведувањето на корнерот, па инцидентот сигурно влегол во забелешките на судијата.

Како што е познато, УЕФА не простува вакви инциденти, па следи казна, последна за ваков инцидент беше 30.000 евра.

Веста ја објави и весникот Билд, кој тврди дека сигурно ова нема да мине неказнето.