Македонија Ѓорче Петров утре рано наутро треба да слета во Ереван каде овој четврток ќе истрча против Алашкерт во воведното коло од квалификациите за Лига Европа.

Екипата предводена од Александар Таневски вечерва од аеродромот во Солун, фати лет за Ереван. Ова значи дека црвено-жолтите ќе имаат два дена за аклиматизација и подготовка пред вистинскиот предизвик.

Македонија ЃП по пауза од десет години одново ќе игра во квалификациите од натпрерување под знакот на УЕФА.