Давид Виља објави дека ќе стави крај на кариерата како професионален фудбалер по завршувањето на актуелната сезона во Јапонија.

Виља има 38 години и во моментов игра за Витсел Кобе. Тој во кариерата стигна до златниот медал на СП во 2010 година, на ЕП во 2008 година со Шпанија и ја освои Лигата на шампионите со Барселона во 2011 година.

Со 59 гола на 98 натпревари, Давид Виља е најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Шпанија.