Најверните навивачи на Интер од Македонија вчера го следеја нивниот омилен клуб во Софија на дуелот против бугарски Лудогорец.

„Неораѕурите“ славеја со 0-2, а за радоста за овие луѓе да биде поголема се потруди легендата на овој клуб Хавиер Занети.

Аргентинецот им приушти на македонските навивачи да направат неколку фотографии со него за нивни спомен.

Десетици членови на „Интер Клуб – Армата“, официјалното здружение на клубот од нашата земја, отпатуваа за Разград и имаа средба со фудбалскиот великан.