Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја доби наградата „Златна копачка“ за најдобар голгетер во Европа,  признанието кое му беше врачено во присуство на раководството на  Баерн.

Напаѓачот на Баерн и репрезентацијата на Полска, истакна дека нема намера да го напушти клубот, тој постигна 41 гол во 29 натпревари во Бундеслигата минатата сезона и за прв пат во кариерата стана најдобар стрелец во европските првенства.

„Сакам да се заблагодарам на семејството, на соиграчите,  тренерскиот тим и целиот Баерн Минхен, успехот е реализиран како тим. “ – изјави  Левандовски.