Вечерва во Ла Лига се игра првиот натпревар од викенд програмата, Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди го пречекува тимот на Валјадолид.

Барди тренира во полн состав, се врати во тимот на Леванте по ноемвриската повреда, но се уште чека минутажа, според најавата на Марка, тој вечерва ќе го започне мечот од клупата за резерви, средбата се игра со почеток од 21 часот.