Во рамки на 31. коло од ПМФЛ, Шкендија триумфираше против Беласица на гости со 0:3.

Тимот од Тетово во првиот дел оствари предност од 0:2 благодарение на погодоците на Хебај во 26. минута и Нафију во 41. минута.

Во вториот дел, гостите само ја потврдија победата и фаворитската улога и со вториот погодок на Хебај ги поставија конечните 0:3.

Домаќините во овој дуел немаа особени шанси по голот на противникот и по ова коло, Шкендија ја чекори кон титулата со  65. бода на табелата, додека Беласица останува убедливо последна со 17. бодови.

Во останатите дуели денес:

Академија Пандев – Вардар 3:0

Борец – Шкупи 0:1

Работнички – Македонија Ѓ.П. 2:2

Струга – Пелистер 3:0