Тимоти Веа е најновата аквизиција на Лил. ПСЖ ја прифати понудата од 10 милиони евра за синот на легендарниот Џорџ Веа по долги преговори кои траеле повеќе од два месеци. Тимоти Веа со Лил потпиша тригодишен договор.

„Сметам дека Лил е најдобриот избор во моментов за мојот фудбалски напредок. Сигурен сум дека тука ќе ја добија потребната минутажа во првиот тим“ – посочи Тимоти Веа.