Отако беше потврдено дека Златан Ибрахимовиќ е позитивен на Ковид-19, следуваа низа реакции од познати спортисти и спортски работници од целиот свет.

Една се издвојува, онаа на Гери Линекер.

„По веста дека Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирус, моите мисли се со вирусот во ова тешко време“ – напиша Линекер.