Лион го пречекува Зенит во групата Г од Лигата на шампионите, една од најнеатрактивните во сезоната 2019/20 во елитното натпреварување на УЕФА.

Овие две екипи се сретнаа во групната фаза во сезоната 2015/16, два пати победи тимот од Русија со 5 постигнати и само еден примен гол.

Зенит е во форма, на псоледните два меча има две победи, Лион на средбата влегува со „багаж“ од две нерешени средби во низа  во шампионатот на Франција.

Изразит фаворит нема, не се очекуваат многу голови со оглед на фактот дека и двата тима не сакаат негатовен старт во новата камшања на ЛШ.

Двете екипи негуваат добар дефанзивен фудбал, Зенит смета тренерот на Лион, Сливињо, се трансфрмира лесно од дефанзива во напад и ќе мора да се внимава на играта во средниот ред.

Овој натпревар, Лион – Зенит започнува од 19-00 часот, во оваа група Г, од 21 часот се среќаваат Бенфика и Лајпциг.