Европа денеска ќе го добие новиот победник во Супер Купот на УЕФА. Ливерпул и Челси ќе истрчаат на стадионот во Истанбул во 21 часот со една желба, да дојдат до посакуваниот трофеј во дуелот на победниците на Лигата на шампионите и Лига Европа.

Јирген Клоп за денешниот натпревар се одлучи на клупата за резерви да го остави Фирмино на сметка на Окс кој заедно со Салах и Мане ќе играат во нападот. Средниот ред ќе го сочинуваат Милнер, Фабињо и Хендерсон додека во одбраната се повикани, Гомез, Матип, Ван Дијк и Робертсон. На голот не Адрин по повредата на Алисон.

Во тимот на Челси, Франк Лампард реши да менува во однос на составот кој го започна дуелот со Јунајтед во 1 коло од Премиер лигата.

Аризабабалага ќе брани, пред него се Емерсон, Кристенсен, Зума и Азпиликуета.  Канте добива шанса од првата минута и тој заедно со Жоржињо и Ковачиќ ке оперираат во средниот ред. Во нападот на Челси се Педро и Жиру и Пулишиќ.