Дуелот на најдобриот и на најлошиот тим во моментов во Премиер лигата ќе го отвори 17 коло во елиатата на Англија.

Ливерпул брка осма победа во низа против Вотфорд а за таа цел, Јирген Клоп одлучи да ја промени формацијата и да настапи со ултра офанзивен состав. Салах, Мане, Фирмино и Шакири се четворицата задолжени за голови во мрежата на Фостер.

Во првиот тим се врати и Милнер кој денеска ќе игра на местото на Робертсон.

Ова се почетните 11 на гостинот на „Енфилд“.