Светските медиуми денеска излегоја со информација дека наредното лето Јирген Клоп и Ливерпул подготвуваат вистинска трансфер „бомба“.

Имено, Германскиот менаџер е спремен за услугите на Мбапе да го даде Мо Салах и да им плати неверојатни 250 милиони евра на челниците на ПСЖ. Доколку овој трансфер се реализира би го урнал досегашниот рекорд на Нејмар кој од Барселона во тимот на „светците“ дојде за 222 милиони евра.

Ваквите гласини покрај ПСЖ, пред се не му се допаѓаат на Реал Мадрид кој подолг временски период се обидува да го привле Французинот да се пресели на „Сантиаго Бернабе“.