Младиот Сеп ван ден Берг е првото засилување на Ливепрул во летниот преоден рок. Новото име во таборот на црвените доаѓа од Цволе, има 17 години а во минатата сезона во првата лига на Холандија во сениорска конкуренција настапи на 15 натпревари.

„Ова е неверојатно за мене. Ливерпул е најголемиот клуб во светот. Ми се оствари сонот и многу сум возбуден“ – изјави Сеп ван ден Берг.