Јирген Клоп и покрај најавата дека ќе ротира за денешната пресметка со Салзбург во второто коло од групата Е од Лигата на шампионите, се одлучи да настапи со најдобрите во моментов.

Мане, Фирмино и Салах се во нападот а во средниот ред повикани се Вајналдум, Фабињо и Хендерсон.

Кај гостите изненадувачки немаше место за Коита кој беше најавуван за почетните 11 на Марч.