Ливерпул вчера ја совлада екипата на Борнмут, во натпревар од 29. коло на Премиер лигата.

Ова е 22-а едноподруго победа на Ливерпул на својот Енфилд во рамките на Премиер-лигата, со што е соборен рекордот на лигата.

Претходниот рекорд, со 21 победа, исто така беше во посед на Ливерпул, постигнат од јануари до декември 1972 година, додека трета најдолга серија, со по 20 едноподруго победи, имаат Њукасл, Престон и Манчестер Сити.