Желбата на Карло Анчелоти денеска ќе биде исполнета. Напаѓачот на ПСВ, Лозано денеска треба да стави потпис на петгодишен договор со Наполи.

Репрезентативецот на Мексико попладнево треба да ги помине лекарските прегледи по што ќе следува официјализирање на  трансферот.

ПСВ ќе заработи 42 милиони евра од продажбата на крилниот напаѓач кој за екипата од Холандија постигна  40 голови на 79 натпревари.