Дефанзивецот на Севилја, Даниел Карисо, ја смени средината и отсега ќе ги брани боите на Вухан Зал од кинеската суперлига.

Веста би била безначајна, ако не се работи за клуб кој се базира во моментално најопасниот град на планетата, епицентарот на смртоносниот коронавирус – Вухан.

Илјадници странци се блокирани во градот и бараат секаков начин да избегат од болеста која веќе ги однесе животите на 2118 луѓе.

Затоа не е јасна идејата на Карисо да потпише за овој клуб.

Португалецот во Севилја мина 6,5 сезони и за тоа време настапи на 167 средби.