Луис Енрике денеска го имаше својот кам-бек на селекторската функција во Шпанија. По трагичната смрт на неговата ќерката, тој одлучи да се врати во фудбалот и тоа на позицијата на која се наоѓаше пред неговото повлекување. Енрике потпиша договор до Светското првенство во Катар.

Имав навистина тежок период и смртта кога ќе ве обземе, тогаш сфаќате дека не можете да сторитѕе ништо друго туку само да се обидете да продолжите со животот. А фудбалот е мојот живот, најмногу можам да придонесам тука и голема чест е да се биде селектор на Шпанија. Следната цел е да се обидеме да ја освоиме титулата на ЕВРО 2020, но не сме ниту главни фаворити, ниту пак конкуренцијата е слаба. Идеите остануваат исти, Шпанија е квалитетна и не треба премногу да се менува, туку само да го негува и надградува победничкиот дух“- изјави Луис Енрике.