Лука Модриќ не е пожелен во Сплит, ова може да се заклучи по вандализмот на рекламните паноа во градот.

Хрватскиот репрезентативец рекламира банка во Хрватска, едно од паноата беше испрскано со бела боја.

Нејасно е само дали овој вандализам е насочен кон Модриќ или банката но со оглед на фактот дека белата боја е на лицето на капитенот на репрезентацијата на Хрватска јасно е кон кого е упатена „пораката“.