Хрватскиот селектор, Иван Далиќ го објави списокот на играчи за септемвриските мундијалски квалификации, Хрватска се среќава со Русија, Словачка и Словенија.

На списокот на играчи се наоѓа и Лука Модриќ, медиумите во Хрватска тврдат дека тој ќе се пензионира по Мундијалот во Катар следната година.

Модриќ има 35 години, за Хрватска има 142 настапи и запиша 18 гола за националниот тим.