Одличната партија против Сасуоло не остави простор за промена во нападот на Конте за денешниот дерби дуелот со Борусија Дортмунд во 3 коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Конте одлучи да не експериментира многу со почетните 11 каде изненадувачки се најде Азамоа а место има и за Годин.
Фавре попушти и го врати Санчо во почетниот состав, Англичанецот заедно со Вајгл, Азар и Брандл ќе бидат задолжени за проблеми во шеснаесетникот на Хандановиќ. На клупата остана Марио Гетце.
Comments are closed for this post.