Интер е цврсто решен да го купи Лукаку од Манчестер Јунајтед но оние 100 милиони евра кои ги бара островскиот тим засега се премногу.

Во меѓувреме Лукаку заедно со неговиот агент, Фредерико Пасторело објавија фотографија на Твитер над која напишаа: Наскоро ќе продолжи.

Ова островските медиуми го окарактеризираа како најава за трансфер, но останува непознато дали Интер или Јувентус ќе биде следната дестинација на репрезентативецот на Белгија.

Неофицијално, Јувентус е подготвен да го понуди Дибала во замена за Лукаку, нешто што може да позитивно да помине во плановите на Солскјер.