Ромелу Лукаку цело лето е то тема на фудбалската берза. Готова беше работатата со Јувентус но Дибала побара голема плата и ги расипа плановите на Јунајтед и „старата дама“.

Лукаку веќе извесно време не тренира со Јунајтед, тој е во Белгија  иработи индивидуално кај Андерлехт, чека трансфер. Тој не беше во составот кај „црвените ѓаволи“ против Кристијанштад и Милан.

Откако пропадна работата со Јувентус, Интер е на потег да го доведе репрезентативецот на Белгија, секако многу работи зависат дали ќе биде продаден Икарди од каде клубот од Милано очекува пари за трансферот на Лукаку.