Мајорка, по два нерешени натпревари без голови се врати на победите во шпанската втора лига, откако вечерва славеше на гостување кај Алкоркон со 2-0, а македонскиот репрезентативец Александар Трајковски одигра 70 минути.

За Трајковски  ова беше прв натпревар на кој се најде во почетниот состав на Мајорка,откако пред две сезони дојде во шпанскиот клуб од Палермо.

Во првите седум кола сезонава, Трајковски само два пати влегуваше во игра од клупата за резерви и собра вкупно скромни 22 минути.

Мајорка со вечерашниот триумф кој го обезбеди со головите на Санчез и Кардона сега е третопласирана со два бода помалку од водечниот Еспањол со кога лани заедно испаднаа од Ла Лига.