Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дејан Кулушевски и официјално ќе игра за Шведска и покрај поканите да го носи националниот дрес на сениорската репрезентација на Македонија.

Крилниот напаѓач родум од Стокхолм во моментов игра како позајмен во Парма а е под договор со Аталанта.

Кулушевски настапуваше во нашата репрезентација за играчи до 17 години а по ова одлучи дека повеќе сака да биде дел од Шведска.

Селекторот Игор Ангеловски во неколку наврати се обиде да го привлече Кулушевски да игра за Македонија но напаѓачот има поинакви планови.

Тој денеска се најде на официјалниот список на повикани фудбалери за престојните евроквалификациски предизвици на Шведска.