пораз од романија ќе биде сериозно предупредување пред еуро

ФОТО: Македонија е на потег, бодови од Букурешт се императив за репрезентацијата

Фудбал 25. Мар 2021. @ 10:18

Македонската фудбалска репрезентација, вечерва од 20-45 часот (пренос на Спорт клуб 3) се среќава со Романија, квалификации за СП 2022.

Романците не се пласираа на ЕУРО, Македонија е дел од континеталниот собир, изговори нема, бодови мора да се донесат од средбата во Букурешт.

Најскапо платениот селектор во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал, Игор Ангеловски, на прес конференцијата во пресрет на дуелот со Романија, ниту ја прифати, ниту ја отфрли фаворитската улога, важно е вели селекторот сите да функционираат како тим.

„Македонија секогаш има проблеми, но секогаш повторувам, најважно е оние што се тука да функционираат како тим. Нормално е дека како селектор посакувам да ги имам најдобрите. Моја задача да го извадам најдоброто од оние кои ги имам на располагање“ – рече Ангеловски на прес конференцијата.

Македонија и Романија досега се сретнале 5 пати, имаме само една победа, во 2010 година на пријателска средба на гости запишавме триумф со 1-0.

Игор Англовски против Романија денеска треба да ја покаже дека ја заслужи довербата да биде селектор и во овој квалификациски циклус, и да го извади најдоброто од тоа што го има на располагање, ова се негови зборови од вчерашната прес конфенреција пред денешниот натпревар во Букурешт.

Димитриевски се очекува да биде на голот од првата минута, во одбраната да настапат, Велкоски, Муслиу и Кире Ристовски.

Во средниот ред ќе бидат Барди, Николов, Алиоски и Стефан Ристовски. Пред нив Елмас а во нападот Пандев и Несторовски.

Натпреварот Романија – Македонија ќе започне во 20:45 часот со ТВ пренос на Спорт Клуб.

Comments are closed for this post.

македонскиот репрезентативец се враќа во ла лига

Александар Трајковски се враќа во елитата на Шпанија, Мајорка обезбеди пласман во Ла Лига

по шест години повторно во составот на „триколорите“

ФОТО: Дешамп го објави списокот, Бензема се враќа во составот на Франција

водеа со 2-0, загубија во финишот

ВИДЕО: Каков шок за Сити, пресврт на Брајтон за голема победа против „граѓаните“