Женската фудбалска репрезентација на Македонија денес против Австрија го игра вториот меч во квалификациите за Мундијалот кој за две години ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд.

По очекуваниот пораз од Англија во Саутемптон, македонската репрезентација вечерва од 18 часот против Австрија бара шанса за подобар резултат.

Нашите репрезентативки во одлична атмосфера го пречекуваат дуелот со фаворитот Австрија, во Скопје заедничка фотографија пред мечот на арената „Тодор Порески“ од 18 часот.