Македонија Ѓ.П. со 2-0 го победи Вардар на теренот на ФФМ каде „црвено-црните“ беа домаќини на првиот меч во новата сезона.

Тимот од Ѓорче Петров славеше со головите на Божиновски во првото и Сефер Емини во второто полувреме. Вардар на два пати ја погоди стативата , не ја оправда фаворитската улога и со нула го започна новиот шампионат.