Управата на Македонија Ѓорче Петров реши да го врати во својот тим Бразилецот, Робсон Да Силва кој не успеа да се докаже во Беласица.

Покрај него, тимот на Жикица Тасевски денеска и официјално го засилија и дефанзивецот Чаелестон ов Вардар и крилниот напаѓач Изет Ајрулаху од второлигашот Скопје.

Македонија ЃП во пролетниот дел од сезоната влегува со амбиција за потврда на местата кои водат во Европа а воедно претставува и фаворит од сенка за шампионската титула зад Шкендија и Шкупи.