Според медиумите од Полска, натпреварот во недела меѓу Полска и Македонија ќе се игра пред полни трибини на Националниот стадион во Варшава.

Капацитетот на арената е 56.000 седишта, а се очекуваат 50. илјади навивачи. Полска два пати играше на овој стадион и победи против Израел со 2-0 и Летонија со 4-0.

Македонија ќе игра под навивачки притисок но тоа значи дека ќе бидат нашите репрезентативци екстра мотивирани на натпреварот во Варшава.