Најдобрата македонска фудбалска репрезентација останува на 74 место на ФИФА ранг листата, објавена денес.

Во октомври запишавме победа против Лихтенштајн на гости и  и пораз дома од Германија, овие два резултати не донесоа промена на нашиот ранкинг.

Македонија во ноември ја очекуваат два дуели против Ерменија на гости и Исланд во Скопје, двете во мундијалските квалификации.

Белгија останува прва пред Бразил а во топ 10 се и Франција, Италија, Англија, Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и Данска.