Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски без неколкумина стандардни и без капитенот Горан Пандев мораше да се составува тим кој вечерва ќе истрча против Австрија во Виена во 9 коло од Евроквалификациите.

Димитриевски останува на голот, во одбраната ќе ги гледаме Велковски и Стефан Ристовски заедно со дебитантот, Младеновски. Лев офанизавен бек е Кире Ристовски а десен, Тошевски.

Во  средниот ред се Спировски и дебитантот Костадинов а пред нив е поставен Енис Барди.

Нападот е резервиран за Елиф Елмас и Александар Трајковски.

Капитенот Горан Пандев шансата ќе ја чека од клупата за резерви додека во почетниот состав повторно немаше место за Влатко Стојановски од Ним.

Ова е почетниот состав на Австрија:

Натпреварот, Австрија – Македонија ќе започне во 20:45 часот со ТВ пренос на Спорт Клуб 3.