Како наближува стартот на Европскот првенство, како и историскиот меч за Македонија против Австрија кој е на програмата во недела од 18 часот, расте и еуфоријата низ целата држава.

ЕУРО 2020 станува главна тема на разговор речиси во сите муабети, фудбалерите се оние кои се споменуваат цело време, сите говорат за тоа како успех може да постигне Македонија.

Сега и по улиците на главниот град, Скопје, Европското станува главно, односно почнаа да се поставуваат банери во таа чест.

„Одиме на Европско, напред Македонија“– пишува на банерите поставени од ФФМ.