Ноемвриското рангирање на ФИФА листата не донесе промени по однос на позицијата на Македонија.
Нашата сениорска фудбалска репрезентација остана на 65 место со 1362 бода откако славеше над Грузија и Естонија а загуби од Ерменија во Лигата на нации.
Од противниците на Македонија на следното ЕУРО, Холандија е на 14 место, Австрија е 23-та а Украина е на 24 место.
На врвот на листата Белгија, пред Франција и Бразил.
Comments are closed for this post.