Македонската сениорска футсал репрезентација ќе игра двомеч со Англија во баражот за пласман во главната фаза од квалификациите за ЕП 2022 кое ќе се игра во Холандија.

Денешната ждрепка во Нион ги донесе седумте двојки во баражот. Македонија првиот натпревар ќе го игра во Англија а реваншот во Скопје.

Натпреварите ќе се играат во средината од април. Победниците од бараж двомечите обезбедуваат пласман во главните квалификации за кои ждребувањето ќе биде извршено на 14 мај.