Македонската фудбалска репрезентација денеска ја пречекува Естонија во новата сезона од Лигата на нации.

На „Тодор Проески“ по изборениот пласман на ЕП, Игор Ангеловски со изменет состав ќе се обиде да ја предводи Македонија до втора победа во Групата 2.

Во почетниот состав се Шишковски на голот, Бејтулаи, Велковски, Муслиу и Ристовски во одбраната. Во средниот ред се Спировски и Николов. Пред нив поставени се Трајковски, Елмас и Тричковски а најистурен во нападот е Несторовски.