ФК Осогово има неверојатен маркетинг на социјалните мрежи, за само една година, на Твитер, Фејсбук и на Инстаграм има над милион посети, се пофали клубот.

Вторлигашот објави дека сигурно чекорат напред, работат посветено на промоција на клубот како ниеден друг во Македонија.

„6️⃣0️⃣3️⃣0️⃣0️⃣0️⃣0️⃣ прегледи за 1 година на сите социјални мрежи! Нашиот клуб има посетеност од 20% домашна и 80% странска публика. Моќта на социјалните мрежи и правилното користење се начин како што повеќе фанови и фудбалски зависници да дознаат за нашиот клуб надвор од кругот кад се наоѓаме! Продолжуваме Јако!
#AvantiOsogovo💛💙“