Македонскиот второлигаш Осогово повторно ги собра симпатиите на обожавателите на фудбалот.

Клубот, кој му понуди соработка на Португалецот Жозе Мурињо по неговиот прекин на договорот со Манчестер Јунајтед, на социјалните мрежи покажа дел од атмосферата на нивните тренинзи.

” Се работи жестоко и максимално” – стои во објавата на ФК Осогово.

Несомнено со вложување на многу труд и работа, Осогово цели кон подобри резултати и позиција.