Фудбалерите во Македонија ќе можат целосно анонимно да пријавуваат обиди или случаи на наместени натпревари во земјата.

Ова доаѓа откако ФИФА и Светската асоцијација на професионални фудбалери (ФИФПро) постигнаа договор за заедничка борба против “местенките“ во фудбалот.

Сомнителните случаи, фудбалерите во Македонија ќе можат анонимно да ги пријавуваат преку специјалната апликација Red Button, која секој клуб ќе мора да им ја претстави на своите играчи.