Македонската фудбалска експедиција заминува за Кипар, каде в среда ќе се соочи со Ерменија во последното коло од втората сезона во Лигата на нации.

Селекторот Ангеловски беше принуден да повика уште неколку нови играчи по откажувањето на Елмас, Алиоски, Ристевски, Адеми, Пандев и поради суспензијата на Николов и Спировски.

Секако без разлика на тоа кој ќе настапи в среда, Македонија останува на зацртаниот курс, победа или евентуално реми со Ерменија, за заверка на првото место во групата а со тоа и напредок во повисок ранг.


Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе одработи еден тренинг на Кипар. Официјалниот е закажан за утре како и прес конференцијата.