Клаудио Макелеле ќе работи заедно со Карло Кудичини, Пауло Фереира и Торе Андре Фло како тренер во младинскиот погон на Челси.

„Многу сум среќен што се враќам дома. Ова е клубот кој ми даде многу шанси и сакам да им помогнам во развојот на младите категории. Ќе го искористам моето искуство за да ги насочам кон патот за да станат професионални фудбалери.“ – Макелеле.

Макелеле е послениот на листата легенди кои се вратија во Челси по Франк Лампард, Петар Чех и Џоди Морис ова лето.