„Црвените Ѓаволи“ вечерва на „Олд Трафорд“ го пречекуваат Партизан во 4 коло од групната фаза во Лига Европа.

Оле Гунар Солскјер за дуелот со екипата од Партизан одлучи да настапи со безмалку најдобрите меѓу кои се Рашфорд и Марсијал.

Најавите од островото беа дека денеска шанса ќе добијат оние кои најчесто се на клупата за резерви но со оглед на тоа дека домаќинот ги вклучи тројцата напаѓачи во првиот тим јасно е дека Солскјер посакува брзо решение, иако тоа со Јунајтед оваа година е неизвесна теза.