Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед објави дека Андреас Переира и Аксел Туанзебе потпишаа нови договори со клубот.

Переира потпиша четиригодишен договор, со можност за продолжување на дополнителна година, додека Туанзебе потпиша тригодишен договор, со исто така можност за уште една сезона да му биде продолжена.

Андреас Переира минатата сезона забележа 22 настапи за „црвените ѓаволи“ додека Аксел Туанзебе минатата сезона ја помина на позајмица во Астон Вила, каде забележа 30 настапи и обезбеди пласман во Премиерлигата со клубот од Бирмингем.