Англискиот гигант Манчестер Јунајтед им се врати на тренинзите како дел од подготовката за продолжението од сезоната во Премиерлигата.

Најдобриот англиски фудбал се враќа на 17.јуни со дерби мечот Манчестер Сити- Арсенал.

На денешниот тренинг Оле Гунар Солскјер на располагање ги имаше сите фудбалери, меѓу кои и Пол Погба чија иднина на „Олд Трафорд“ е се уште под знак прашалник.