Денеска започнува новата сезона во Лигата на шампионите, а Манчестер Јунајтед е меѓу првите што ќе го одигра својот натпревар во групната фаза.

Јунајтед ќе гостува во Швајцарија кај Јанг Бојс а во првиот состав ке се најде и Кристијано Роналдо.

Со тоа Португалецот ќе се израмни со Икер Касиљас, како фудбалери со најмногу настапи во натпреварувањето. Големо изненадување во тимот на Оле Гунар Солскјер е Дони ван де Бек, кој конечно ќе добие минутажа и шанса за докажување.