Садио Мане, репрезентативец на Сенегал, не е задоволен од игрите кои ги прикажа за Ливерпул оваа сезона.

Тој постигна девет гола на 32 натпревари во Премиерлигата, од кои само три на „Енфилд“. Тој ја затресе мрежата на противникот вкупно 13 пати во текот на целата сезона.

„Ова е најлошата сезона во мојата кариера. Морам да го признаам тоа. Ако ме прашате што не е во ред, искрено не можам да ви дадам точен одговор. Секогаш се трудам да бидам позитивен, иако има некои работи кои не ми се јасни“ изјави Мане.

Сенегалецот исто така направил детални лекарски прегледи.

„Јас го тестирав телото. Се прашував дали јадам правилно, дали треба да сменам нешто. Се испостави дека сè е во ред. Суштината е да разберам дека има подеми и падови во животот и верувам дека со напорна работа ќе бидам на нивото што сакам да бидам повторно“ – истакна Мане.

Ливерпул во моментов е на шестото место на табелата во Премиер лигата со 57 бода. Имаат шест бода помалку и натпревар помалку во споредба со Лестер, кој е на четвртото место што води во Лигата на шампионите.