Диего Марадона и 24 години по неговото пензионирање сеуште е единствениот бог кога е во прашање фудбалот во Аргентина. Доказ за тоа е вчерашниот натпревар на стадионот „Марсело Биелса“ на кој Њуелс Олд Бојс ја дочекаа Химнасија која е предводена од легендарниот Марадона.

Домашниот тим му постави трон за да го следи натпреварот, а тоа му донесе среќа на Марадона кој  славеше со 4-0 и ја забележа највисоката годинска победа по 23 години и 400 одиграни натпревари.

За напомена Њуелс Олд Бојс е поранешкиот клуб на Лео Меси, кој пред неколку дена изјави дека кариерата сака да ја заврши во овој клуб.