Агентот Мино Раиола, кој го застапува Матијс де Лихт,  изјави дека дефанзивецот може да го промени клубот во текот на следното лето.

Фабрицио Романо, кој важи за добро упатен на трансфер берзата, напиша дека  Де Лихт  во јуни 2022 година за 150 милиони евра може да го напушти Јувентус.

Јувентус не сака да се откаже од дефанзивецот, и се надева дека ќе го задржи во Торино, тврди Романо.