Италијански Интер го објави составот со кој ќе се натпреварува во новата сезона во Серија А.

Мауро Икари и официјално ја доби седумката откако неговата предходна бројка „9“ му припадна на новото рекордно засилување, Ромелу Лукаку.

Според медиумите од Апенините, Интер не ја добил бараната сума од заинтересираните клубови и поради ова одлучил да го задржи Икарди најмалку до јануари.

Што се однесува до најавите за ангажманот на Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед, островјани тврдат дека сеуште има шанси репрезентативецот на Чиле да заврши во Интер но преговорите ќе продолжат следната недела.